Достапни линкови

Меркел најави можно преиспитување на односите со Турција


Архивска фотографија-германската канцеларка Ангела Меркел

Канцеларката Ангела Меркел рече дека Германија може повторно да размисли за своите односи со Турција и побара пауза во преговорите на Европската унија со Анкара откако беа притворени уште двајца други германски државјани.12 германски државјани во моментов се во турските притвори и се соочуваат, со како што го нарекува, Берлин политички обвиненија. Меѓу нив е и соработникот на весникот Ди Велт, кој е во притвор веќе 200 дена. Многу европски државјани се притворени во Турција во последнава година и се сомничат за вклученост во минатогодишниот неуспешен обид за пуч против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Зборувајќи на бизнис настан во Нуремберг Меркел рече дека мисли оти не е соодветно да продолжат дискусиите со Анкара за учество во заедничката царинска унија со ЕУ. Таа додаде дека нема правна основа за приведувањето на 12 германски државјани.

XS
SM
MD
LG