Достапни линкови

СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ да се откаже до блокадите и опструкциите на Собранието


Архивска фотографија-седница на Собранието на Република Македонија

СДСМ денеска преку соопштение побара од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да работат како што велат во интерес на граѓаните за законите за минимална плата, за стечајните работници и за укинување на радиодифузната такса кои парламентарното мнозинство ги поднесе до Собранието на Република Македонија.

Во соопштението се наведува дека овие закони од клучно значење ќе придонесат за повеќе пари кај граѓаните, за намалување на социјалните разлики и за исправање на децениската неправда со стечјните работници.

"Поднесените закони носат придобивки за сите граѓани и затоа неопходно е сите пратеници од сите парламентарни партии да покажат одговорност и да ги донесат предложените измени што се во интерес на граѓаните" се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ пишуваат дека дека ВМРО-ДПМНЕ требало да се надмине себеси и да се откаже од, како што наведуваат, блокадите и опструкциите на Собранието, се со цел мерките што носат добро за сите да бидат што побрзо донесени.

XS
SM
MD
LG