Достапни линкови

Франција предложи нова мировна иницијатива за Сирија


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја се залага за нова дипломатска иницијатива за постигнување мир во Сирија. По состанокот со либанскиот премиер Саад Харири во Париз, Макрон изјави дека неговиот предлог за нова меѓународна контакт група за Сирија ги вклучува Либан како и другите земји од регионот кои примаат бегалци од Сирија.Макрон изрази желба во почетокот на следната година во Париз да организира собирање на инвеститори за да се поттикне приватното и јавно финансирање на проекти поврзани со бегалците. Тој за следната година најави и Самит за враќање на бегалците во Сирија, бидејќи за него тоа е клучен проблем за стабилизацијата на регионот.

XS
SM
MD
LG