Достапни линкови

Нови мировни преговори за Сирија на 14 и 15 септември


Властите на Казахстан соопштија дека новата рунда мировни преговори за Сирија ќе се одржи во Астана на 14 и 15 септември. Учесниците на преговорите потврдиле дека на состаноците ќе се разговара за јакнење на зоната без конфликт на подрачјето на Идлиб, Хомс и источен Дамаск, соопшти министерствот за надворешни работи на Казахстан. Преговорите на завојуваните страни во Астана се одржуваат под покровителство на Русија, Турција и Иран. Истите се одржуваат паралелно со преговорите во европското седиште на ОН, во Женева. Посредникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура неодамна изјави дека следната тура мировни разговори во Женева би можела да биде следниот месец.Повеќе од 320 000 лица загинаа во конфликтот во Сирија од март 2011 година.

XS
SM
MD
LG