Достапни линкови

Помош за поплавените подрачја во Пакистан


Пакистанските власти испратија војници во јужниот град Карачи за да помогнат во спасувачките напори откако во масовните поплави загинаа најмалку 27 лица.Премиерот Шахид Кахакан Абаси нареди да се испратат армиските војници, паравоени ренџери и итна опрема во градот во кој има 23 милиони луѓе кои се борат со ефектите од сезоната на монсуните. Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар, изјави дека на илјадници жители во две од населбите на градот им било кажано да се евакуираат поради опасноста дека би можеле да бидат уништени од реката што се преплавува. Градоначалникот додаде дека во текот на вчерашниот ден 15 лица, вклучувајќи ги и децата, загинале од електричен удар, паѓање на згради и поплави. Портпаролот на Агенцијата за спасување соопшти дека бројот на жртвите во градот може да се зголеми откако спасувачите ќе можат да пристапат до областите што во моментов се недостапни.

XS
SM
MD
LG