Достапни линкови

Ердоган: Скандалозно функционирање на правдата во САД


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди обвинението кое Соединетите Држави го подигнаа против 19 лица, меѓу кои 15 припадници на турските безбедносни сили, нарекувајќи го обвинението скандалозно. Луѓето се обвинети за напад врз мирни демонстранти пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон за време на посетата на претседателот Ердоган во мај. Ердоган обвинението го нарече "јасен и скандалозен приказ на функционирањето на правдата во САД" и рече дека ќе го покрене ова прашање на претстојната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк месецов. Тој додаде дека обезбедувањето тогаш го заштитувало од екстремистите, бидејќи тоа според него не го направила американската полиција. Во јуни беа обвинети 16 луѓе, а истражната постапка во вторникот резултираше со три нови имиња на списокот обвинети, меѓу кои и шефот на обезбедувањето на Ердоган, Мухсин Хосе.

XS
SM
MD
LG