Достапни линкови

Вајгл, Кукан и Флекенштајн повикаа на одговорно однесување за изборите


ЕврокомесаротЈоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн во посета на Македонија

Политичкиот дијалог е неопходен за напредување на патот во итните реформи и за подобрување на парламентарната култура и атмосферата во Собранието, се вели во заедничката изјава на европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан по средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, лидерите на политичките партии и координаторите на парламентарните политички партии.

„По средбите забележуваме нова динамика напред во земјата. Задоволни сме од интересот искажан од спикерот и лидерите на политичките партии за вклучување во дијалог за работите од стратешка важност за земјата и нејзините граѓани, вклучително за реформите неопходни за напредок на патот за евроинтеграција. Во пресрет на локалните избори, ги охрабруваме сите политички претставници и институции да се однесуваат одговорно и да обезбедат еднакви услови за сите граѓани да ги исполнат слободно своите демократски права“, се наведува во заедничкото соопштение на европратенците Вајгл, Флекенштајн и Кукан.

XS
SM
MD
LG