Достапни линкови

Заев го повикал Нимиц да излезе со можни решенија за името


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од вчерашната средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас изјави денеска дека позитивната атмосфера може да биде само предност на двете страни. Тој посочи дека верува оти во соодветен момент ќе се создадат услови да се направи чекор понатаму, односно да се разгледуваат варијанти на можни решенија на проблемот.

Заев истакна и дека го повикал медијаторот Метју Нимиц во ноември, декември, јануари кога ќе мисли дека е соодветно да излезе со можни алтернативни решенија. Според него, прашањето ќе го решаваат заедно со опозицијата, заради тоа што е интерес на сите граѓани на Република Македонија. Тој порача и дека Македонија конечно треба да направи чекор и да стане полноправна членка на НАТО и да отпочне преговори со ЕУ.

XS
SM
MD
LG