Достапни линкови

Русија го анализира барањето за затворање на дипломатски мисии во САД


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека властите го испитуваат барањето на САД за затворање на три дипломатски мисии во земјата при што ќе одговорат кога ќе ја завршат анализата. Изјавата на Лавров е 24 часа по барањето, при што Стејт Департментот му даде рок на Кремљ до утре да го затвори рускиот конзулат во Сан Франциско и други две дипломатски згради во Вашингтон и Њујорк. САД го испратија барањето по наредбата на Русија на 28 јули, Вашингтон да го намали бројот на дипломатскиот персонал во земјата за 775 лица.

Лавров ги обвини САД за промените на дипломатската политика меѓу двете земји, но избегна да го обвини и американскиот претседател Доналд Трамп или неговата администрација и наведе дека Русија сака подобри односи.

XS
SM
MD
LG