Достапни линкови

САД со услов за исплата на воената помош на Пакистан


Американскиот претседател, Доналд Трамп

САД нема да ја исплатат воената помош од 255 милиони долари за Пакистан се додека земјата несе справи со, како што изјави американскиот претседател Доналд Трамп, засолништата на милитантните групи кои се борат против Авганистан.

Стејт Депратментот соопшти дека Пакистан нема да ги добие парите се додека САД не се уверат дека земјата презема мерки против авганистанските талибанци и нивните сојузнички групи како Хакани, кои според американските разузнавачи со години се засолнети на границите на земјата. Пакистан негира дека им обезбедува засолниште на терористите и властите порачаа дека САД го користат Исламабад како изговор за нивниот неуспех во војната во Авганистан, која трае 16 години.

XS
SM
MD
LG