Достапни линкови

Муслиманите го слават Курбан Бајрам, последни денови од аџилакот


Верници маршираат кон Мина за време на аџилакот во Саудиска Арабија.

Муслиманите низ светот го слават Курбан Бајрам, при што околу 2 милиони верници ги извршуваат последните обреди на традиционалниот аџилак во Саудиска Арабија. По изгрејсонце верниците започнаа со симболичен ритуал за каменување на ѓаволот со присуство на големо обезбедување во долината Мина, во близина на светиот град Мека.

Аџиите фрлаа камења во три колони притоа извикувјќи „Бог е голем“. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

XS
SM
MD
LG