Достапни линкови

Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ стапи на сила


Украинскиот претседател, Петро Порошенко

Договорот за асоцијација со кој ќе се зајакнат врските меѓу Украина и ЕУ од денеска стапи на сила со што се стави крај на четири годишната политичка драма околу неговото потпишување. Украинскиот претседател Петро Порошенко на Фејсбук го поздрави потпишувањето на договорот.

„Договорот е важен чекор за потврда на иднината која беше одбрана со „Револуцијата на достоинство“, напиша тој, мислејќи на протестите по кои беше соборен претходниот шеф на државата Виктор Јануковиќ кој се откажа од потпишувањето на договорот во 2013 година.

XS
SM
MD
LG