Достапни линкови

Претседателот на Косово најави референдум за конечниот договор со Србија


Хашим Тачи при посета на Македонија како министер за надворешни работи

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа во интервју за „Радио Косово“ изјави дека „граѓаните ќе добијат шанса да се изјаснат на референдум за конечниот договор меѓу Приштина и Белград“.

„Во продолжение на дијалогот директно ќе учествуваат и САД, што ќе претставува силна гаранција за преземање чекори и брзи одлуки, вистински, одржливи и функционални, рече Тачи.

Пораката за евентуален референдум Тачи ја изнесе во јавност само неколку часа по состанокот во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Тачи нагласи дека станува збор за нова фаза од дијалогот меѓу Косово и Србија, а конечниот договор ќе им стави крај на непријателствата.

XS
SM
MD
LG