Достапни линкови

Средба Иванов - Коѕиас: Забрзување на процесот за градење доверба


Архива - Македонскиот претсеател Ѓорге Иванов.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, кој престојува во посета на земјава, информираат од Кабинетот на претседателот.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји. Иванов ја поздрави денешната посета на Коѕиас, како продолжение на досегашниот дијалог на министерско ниво и апелираше за забрзување на процесот на имплементација на мерките за градење доверба, преку внесување на нови содржини во билатералната соработка и предлагање на дополнителни мерки.

„Најголемата мерка која ќе влијае на меѓусебната доверба и ќе создаде уште подобра атмосфера е ако Грција ги деблокира евроатлантските процеси на Република Македонија и овозможи да не ѝ се ускратува правото на просперитет", истакнал Иванов на средбата.

Двајцата соговорници размениле мислења околу можниот развој на мигрантската криза во идниот период, при што Иванов изразил подготвеност за продлабочување на соработката меѓу разузнавањето и полициските служби, во подршка на регионалната безбедност.

XS
SM
MD
LG