Достапни линкови

МВР - Реализација на реформи за зајакнување на институциите


Македонска полиција, МВР.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е подготвено за активно вклучување во планирање и спроведување на неопходните реформи, следејќи ги приоритетите на Владата за отпочување на реформскиот процес кој ќе овозможи зајакнување на капацитетите на институциите, враќање на демократските вредности и нивно доследно почитување, отворена соработка со граѓанското општество, велат од МВР.

Оттаму наведуваат дека Министерството е носител на активности кои се однесуваат на реформа на разузнавачките служби, борба против организиран криминал и миграции.

„Имајќи ја предвид широката надлежност на Министерството, учесник е и во активностите кои се однесуваат на спроведување на фер и демократски избори, зајакнување на надзорната контрола на Собранието, зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор, реформи во правосудството. Поточно, Министерството учествува во работните групи за подготoвка на Предлог-законот за зашитита на сведоци и Законот за заштита на приватност кои се во надлежност на Министерството за правда. Текстот на предлог-законот за заштита на сведоци е подготвен“, велат од МВР.

XS
SM
MD
LG