Достапни линкови

Руските власти спречиле терористички напади во Москва


Русија - Поглед на Федералната служба за безбедност.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсила две лица кои планирале терористички напади во Москва на 1 септември, на првиот школски ден. Во денешно соопштени ФСБ наведува дека силна домашно произведена бомба нашле во домот на еден од осомничените, тврдејќи оти тој признал дека планирал самоубиствен напад. Исто така се вели дека другиот осомничен објавил виедо на интернет во кое се заколнал на верност на екстремистичката група Исламска држава (ИД) и рекол дека планирал да нападне цивили.

ФСБ во видео објавено на руските државни медиуми покажува човек како вели дека планирал да „изврши џихад“ и да „изврши бомбашки напад“ на наредба на ИД. Исто така беше покажана секира, за која се вели дека другиот осмничен планирал да ја искористи. ФСБ наведува дека двајцата осомничени се од Централна Азија, не беше прецизирано од која земја. Исто така е сугерирано дека нема директна врска меѓу двајцата осомничени. Немаше начин независно да се потврди точноста на изјавата на ФСБ или автентичноста на видеото. Руските власти често објавуваат дека спречуваат терористички напади пред големи јавни настани или празници.

XS
SM
MD
LG