Достапни линкови

Коле Штерјев нов претседател на Советот на јавни обвинители


Архива - Совет на јавни обвинители.

Коле Штериев е нов претседател на Советот на јавни обвинители. Тој денеска е избран на седницата на Советот, откако претходно беше прифатена оставката на досегашниот преседател Петар Аневски.

Штериев по изборот рече дека ќе се обиде да ги искористи своите и капацитетите на членовите на Советот и изрази надеж дека ќе успее да ја смениме сликата за оваа институција. Тој најави дека институцијата во иднина ќе биде потранспарентна, а за делот на впечатоците створени во јавноста дека Советот како да бил во конфликт со СЈО, рече: „тоа не се само впечатоци, тоа беше таква состојба“,вели Штериев.

Петар Аневски во вторникот си поднесе оставка на функцијата, поради лични и семејни причини.

XS
SM
MD
LG