Достапни линкови

ОН - Иран во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година


Илустративна фотографија - знамето на Иран.

Агенцијата за атомска енергија на Обединетите Нации (ОН) соопшти дека Иран останува во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година постигнат со САД и петте други светски сили. Агенцијата денеска наведе дека иранските резерви на ниско збогатен ураниум и неговото ниво на збогатување се во согласност на границите утврдени во договорот.

Договорот од 2015 година потпишан со САД, Британија, Франција, Германија, Кина и Русија стави ограничување на нуклеарната програма на Иран во замена за укинување на економските санкции против земјата. Последниот извештај беше трет од инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари.

Трамп нуклеарниот договор постигнат во време кога претсеател на САД беше Барак Обама, го нарече „најлошиот договор досега.“

XS
SM
MD
LG