Достапни линкови

Ирак прогласи победа против ИД во Тал Афар


Ирачките сили за време на воените операции во Тал Афар.

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади прогласи победа против екстремистичакта група Исламска држава (ИД) во северниот град Тал Афар и во целата провинција Ниневија. Абади денеска изјави дека ирачките трупи поддржани од контратерористичките единици и шиитската милиција, „целосно ја ослободија“ обласата Ал-Ајадија, каде борците на ИД минатата недела побегнаа од Тал Афар.

Со ослободувањето на Тал Афар, целата провинција Ниневија сега е под контрола на ирачките безбедносни сили, рече Абади.

Ирачките сили на 20 август ја започнаа офанзивата за преземање на Тал Афар, откако ја истераа групата на ИД од Мосул по деветмесечна кампања. Милитантите на ИД се уште го контролираат северниот град Хавија во провинцијата Киркук и областите во западната провинција Анбар во близина на Сирија.

XS
SM
MD
LG