Достапни линкови

Пакистанскиот суд со пресуда за убиството на поранешен премиер


Первез Мушараф

Пакистанскиот суд денеска прогласи дека поранешниот претседател Первез Мушараф е во бегство во врска со убиството на поранешниот премиер Беназир Буто во 2007 година. Судот нареди да биде конфискуван и имотот на Мушараф, кој во 2013 беше обвинет за атентатот врз Буто. Мушараф е во егзил во Дубаи.

Судот донесе пресуда и дека двајца полицајци се виновни за небрежност, бидејќи не успеале да го спречат убиството на Буто и добија по 17 години казна затвор, а ослободи пет мажи кои беа обвинети дека се милитанти и дека биле вклучени во случајот поради недостиг на докази. Буто беше убиена за време на изборен митинг во Равалпинди.

XS
SM
MD
LG