Достапни линкови

Вучиќ и Тачи се договориле за последните чекори


Шефицата за надоврешна политика Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово, Алескандар Вучиќ и Хашим Тачи

ЕУ соопшти дека претседателите на Србија и на Косово, Алескандар Вучиќ и Хашим Тачи постигнале согласност за последните чекори во имплементацијата на договорот за судската власт во северниот дел на Косово, каде доминантно живеат Срби. Шефицата за надоврешна политика Федерика Могерини ја соопшти одлуката по средбата со Вучиќ и Тачи во Брисел како дел од напорите за остварување напредок во дијалогот за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Според соопштението на кабинетите на двајцата претседатели, судиите, обвинителите и судскиот персонал ќе бидат интегрирани во косовскиот судски систем со што ќе се овозможи правдата да биде испорачана во Косово, особено во Митровица.

XS
SM
MD
LG