Достапни линкови

Се урна зграда во Индија, најмалку 7 жртви


Спасувачки тимови и жители покрај урнатините на зградата во Мумбај.

Индиските власти соопштија дека најмалку 7 луѓе загинале кога зграда се урнала во Мумбај. Според властите, се стравува дека 30 луѓе се заробени под урнатините. Полицијата се сомнева дека поројниот дожд ја ослабел структурата на станбената зграда која се наоѓала во густо населена област во градот. Зградата била стара околу сто години.

XS
SM
MD
LG