Достапни линкови

Турција лута поради обвинувањата против обезбедувањето на Ердоган


од тепачките пред резиденсцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека остро протестира поради одлуката на Соединетите држави да покренат обвинување против 19 луѓе, вклучувајќи и 15 припадници на безбедносните органи. Судот во САД реши против нив да покрене обвинување поради напад за време на мирните демонстрации во текот на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Вашингтон. Турција оценува дека обезбедувањето пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон не било на адекватно ниво, посебно имајќи ја предвод опасноста од курдските групи. Турција најави дека по легален пат ќе се бори против судската одлука која ја оцени за „пристрасна и жална“.

XS
SM
MD
LG