Достапни линкови

Коѕијас утре во посета на Македонија


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас утре пристигнува во еднодневна официјална посета на Македонија. Тој во Скопје ќе има средби со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за веропски прашања Бујар Османи и со претставници на парламентарните партии.

Посетата на Коѕијас е возвратна, по таа на Димитров на Атина во јуни годинава. Во фокусот на разговорите, според најавите, ќе биде имплементацијата и проширувањето на мерките за градење доверба и најновите случувања во регионот.

Во пресрет на посетата на Коѕијас, вчера во Атина беше одржан состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција во согласност со договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје на 24 јуни 2015 година.

XS
SM
MD
LG