Достапни линкови

Кремљ потврди дека добиле мејл од адвокатот на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп

Кремљ потврди дека адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп испратил електронска пошта во Москва за проект за недвижнини за време на претседателската кампања во САД. Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Мајкл Коен испратил електронска поштата во јануари 2016 година до генералната мејл адреса на прес-службата.

Песков рече дека Коен пишувал за "одредена руска компанија и одредени луѓе", кои сакале да изградат облакодер во Москва и побарале помош за проектот. Бидејќи ние не реагираме на такви прашања за деловни проблеми, а тоа не е наша работа, ние го оставивме ова прашање без одговор", рече Песков. Тој додаде дека Кремљ не добил други слични барања за ова прашање. "Не можеме да разговараме за стотици и илјадници различни барања од различни земји што ги добиваме ", рече Песков.

Претходно Коен обелодени дека компанијата на Трамп преговарала за проект за изградба на кула во Москва за време на претседателската кампања во 2016 година.

XS
SM
MD
LG