Достапни линкови

Почна сослушувањето за сообраќајката на автобус кај Велес


Автопат

Во Основното Јавно Обвинителство во Велес денеска започна сослушувањето на патниците од превртениот автобус кај зимскиот пункт на „Македонија пат“ на автопатот Велес - Скопје. Во сообраќајната несреќа на 20 август беа повредени поголем дел од 27-те патници, а една жена како последица од тешките повреди почина на КАРИЛ во Скопје, а на едно деветгодишно девојче лекарите во Клинички центар во Скопје успеаја да и ја спасат од ампутација тешко повредената лева рака.

Јавниот обвинител од ОЈО Велес Славица Николовска за агенцијата МИА изјави дека се сослушуваат некои од патниците.

" Со оглед на здраствената состојба на возачот на автобусот неговото сослушување ќе биде кога тој здраствено ќе закрепне, како и на дел од патниците кои се здобија со потешки телесни повреди. Од тие причини сослушувањето ќе трае подолго во зависност од нивната здраствена состојба. Во меѓувреме ќе се изврши и вештачење и анализи во врска со настанот по што ќе можеме да лоцираме кај кого е кривичната одговорност" изјави јавната обвинителка Темелковска.

Настанот се случи на 20 август вечерта околу 18:40 часот на автопатот Велес-Скопје, кај зимскиот пунк на „Македонија пат“. Автобусот излетал од коловозната лента во провалијата.

Веднаш по сообраќајката увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од ОЈО од Велес во содејство со екипа на СВР Велес

XS
SM
MD
LG