Достапни линкови

Две новороденчиња починаа на Детската клиника


Клинички центар во Скопје, државна болница.

На Клиниката за детски болести во Скопје денеска почина новороденче од Гостивар и четиримесечно бебе од Гевгелија. Директорката на Клиниката з а детски болести Катерина Ставриќ изјави дека бебето од Гевгелија било со респираторен инфект и тежок малформативен синдром со засегнувања на повеќе органи, додека новороденче од Гостивар било донесено на Клиниката во тешка здравствена состојба и починало веднаш откако било ставено на респиратор.

"Ова е терциерна установа. Сите најтешки случаи доаѓаат тука. Ние докторите и покрај тоа што имаме можности од опрема и знаење не секогаш можеме се да излечиме. Се случува деца и да починат. Тоа се тешки деца кои престојуваат во интензивна нега на машини. Голем дел од нив преживуваат со овие можности и со несебичната заложба на докторите и на сестрите, но не секогаш тоа е возможно", изјави др. Ставриќ.

Таа рече дека новороденчето од Гевгелија од самото раѓање е донесено на Клиника со проблеми, престојувало на интензивна нега и било на респиратор.

XS
SM
MD
LG