Достапни линкови

Димитров очекува Коѕијас да го поддржи новиот момент во Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Важно е да воспоставиме отворена релација, да видиме што е најважно за Грција и да го објасниме тоа што е најважно за Македонија. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, истакна денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров за очекувањата од утрешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје.

Димитров на маргините на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО“ порача и дека главна тема на разговорите со Коѕијас се очекува да бидат можностите за проширување на мерките за градење доверба. Димитров посочи и дека се направени два клучни чекори кои не се директно поврзани со разликата околу спорот со името, но го отсликуваат духот и новата надворешна политика на Македонија.

XS
SM
MD
LG