Достапни линкови

Северна Кореја најави нови ракетни проби


Луѓе гледаат телевизија во Сеул, Јужна Кореја, 29.08.2017.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска најави дека ќе истрела нови балистички ракети во Пацификот, ден откако Пјонгјанг испроба ракета која може да носи неклеарна боева глава преку Јапонија. Последната закана на Ким Џонг Ун дојде откако Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно го осуди најновото истрелување ракета од страна на Северна Кореја и побара сите земји да ги спроведат санкциите против Пјонгјанг. Резолуцијата на Советот беше поддржана и од Кина и Русија кои повикаа на мирно и дипломатско политичко решение. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе ги држи сите опции на маса како одговор на ракетните проби.

XS
SM
MD
LG