Достапни линкови

Во Хјустон воведен полициски час


Хјустон, 28.08.2017.

Властите на Хјустон соопштија дека вовеле полициски час за да се спречат грабежи во евакуираните области поради поплавите предизвикани од ураганот Харви. Полицискиот час во четвртиот по големина град во САД ќе трае од полноќ до 5 часот наутро. „Не можете да возите, ниту да бидете на некое јавно место. Имавме проблеми со вооружени грабежи, со луѓе со огнено оружје“, изјави шефот на полицијата во Хјустон, Арт Авеведо. Рекордните врнежи од дожд предизвикаа невидени поплави што принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат нивните домови. Полицијата соопшти дека спасила повеќе од 13.000 лица од поплавите во Хјустон. Властите објавија најмалку дваесетина смртни случаи од Харви. За време на посетата на Тексас, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека катастрофата е со „епски размери“.

XS
SM
MD
LG