Достапни линкови

Трамп: Сите опции се на маса за одговор на Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите опции се на маса во однос на одговорот на САД за лансирањето на ракета над Јапонија од страна на Северна Кореја. Според соопштението, Трамп смета дека Пјонгајнг со тоа го покажал својот презир кон соседите, кон сите членки на ОН и кон минималните стандарди на прифатливо меѓународно однесување.

За прв пат по 2009 година Северна Кореја истрелува ракета кон Јапонија. Ракетата прелетала преку Хокаидо и по десетина минути паднала во водите во близина на островот. Се наведува дека ракетата била истрелана од место блиску до севернокорејскиот главен град Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG