Достапни линкови

Убиени двајца осомничени милитанти во Киргистан


Припадници на безбедносните сили на Киргистан.

Киргистанските власти соопштија дека безбедносните сили убиле двајца осомничени милитанти, а еден уапсиле во престрелка во северниот регион Чуи. Според властите, безбедносните сили отвориле оган кон осомничените членови на терористичка група откако тие одбиле да се предадат. Уапсениот осомничен бил повреден во престрелката. Властите ја започнаа потрагата по осомничените отккао двајца мажи упатиле закани кон полициска патрола во Бишкек.

XS
SM
MD
LG