Достапни линкови

Аневски си поднесе оставка, Спасовска в.д. јавен обвинител


Петар Аневски, Претседател на Советот на јавни обвинители

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски денеска потврди дека си поднел оставка од претседателската функција и дека ќе остане член на Советот во наредните три години до истекот на мандатот. Тој на денешната седница наведе дека тоа го направил од приватни, односно лични и семејни причини. В четврток членовите на Советот ќе одлучуваат дали ќе ја прифатат неговата оставка.

Пред да го соопшти ова, тој ја извести јавноста дека на денешната седницата е избрана Лилјана Спасовска за вршител на должноста државен јавен обвинител и дека таа ќе остане на таа позиција до изборот на нов државен јавен обвинител.

Спасовска претходно беше назначена за заменик во случај на спреченост или отсуство на републичкиот јавнен обвинител. Претходно државниот јавен обвинител Марко Зврлевски беше разрешен од Собранието по барање на Владата.

XS
SM
MD
LG