Достапни линкови

Советот на јавни обвинители треба да назначи в.д јавен обвинител


Претседателот на Советот Петар Аневски.

Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која треба да се назначи вршител на должноста на местото на Марко Зврлевски до изборот на нов јавен обвинител. Седницата требаше да се одржи на 24 август, но поради немање кворум беше презакажана.

Претседателот на Советот Петар Аневски, тогаш изјави дека во обвинителството имаат доволен број на квалитетни кандидати, кои ќе можат да ја вршат таа функција. Владата на седницата на 22 август му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG