Достапни линкови

Во напад во банка во Авганистан загина едно лице


Припадници на безбедносните сили пред банката во Кабул каде се случи нападот.

Авганистанските власти соопштија дека во експлозија во банка во центарот на Кабул загинало најмалку едно лице, а 8 биле повредени. Министерството за внатрешни работи посочи дека експлозијата се случила на влезот на банката која се наоѓа во близина на американската амбасада во земјата. Според министерството, инцидентот се случил додека припадници на безбедносните сили чекале пред банката за да ги подигнат своите плати. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG