Достапни линкови

Трамп: САД и Русија треба да имаат подобри односи


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повтори неговите аргументи дека Вашингтон би требало да има подобри односи со Москва и се воздржа да ги оцени како опасност руските акции во Европа во изминативе години. Тој на заедничката прес конференција во Вашингтон со финскиот претседател Саули Ниинисто запрашан во врска со тензиите со Русија и дали таа е опасност изјави: „Сметам дека многу земји претставуваат за жал, опасност по безбедноста. Ќе кажам јасно и гласно. Она штого кажувам со години. Мислам дека е добра работа ако имаме добри односи со Русија. Тоа е многу важно и верувам дека тоа ќе се случи. Тоа е голема земја, нуклеарна земја и би требало да бидеме заедно“.

XS
SM
MD
LG