Достапни линкови

Путин најави проширување на нуклеарната централа во Унгарија


Рускиот претседател Владимир Путин со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Будимпешта, 28.08.2017.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека проширувањето на единствената нуклеарна централа во Унгарија, би можело да почне во почетокот на идната година. Тој ова го рече за време на состанокот во Будимпешта со унгарскиот премиер Виктор Орбан. За време на посетата на Орбан на Москва во 2014 година беше потпишан договор за заем од Русија од 12 милијарди долари за проширување на централата во Пакс, на околу 130 километри јужно од Будимпешта.

XS
SM
MD
LG