Достапни линкови

Киргистан-Атамбаев сака да остане влијателен и по напуштањето на претседателскиот кабинет


Киргистан-претседателот Алмазбек Атамбаев на средба со жителите на Озгон,28.08.2017

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев изрази надеж дека сојузниците ќе ја држат власта и ќе се придржуваат до неговите политики откако ќе ја напушти функцијата по претседателските избори што ќе се одржат на 15 октомври. На средбата со жителите на јужниот град Озгон денеска, Атамбаев го нарече претседателскиот кандидат Соронбај Јенбеков негов пријател. Критичарите сметаат дека Атамбаев кој е уставно е ограничен со претседателскиот мандат и нема право на повторно кандидирање, бара начин да остане влијателен и по напуштањето на кабинетот.

XS
SM
MD
LG