Достапни линкови

Средба на Путин и Орбан во Будимпешта


Унгарија-претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Унгарија Виктор Орбан на средба во Будимпешта, 28.08.2017

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека работата на проширувањето на единствената нуклеарна централа во Унгарија може да почне во почетокот на идната година. Тој ова му го кажа на унгарскиот премиер Виктор Орбан со денеска се сретна во Будимпешта. За време на посетата на Москва во 2014 година Орбан потпиша договор за кредит вреден 10 милијарди евра со Русија за проширување на објектот кој е од советската ера, а се наоѓа во Пакс, околу 130 километри јужно од Будимпешта. Путин допатува во Унгарија за да присуствува на отворањето на Светското првенство во џудо во Будимпешта и на разговори со премиерот Орбан. Ова годинава е втора посета на Путин на Унгарија чии врски со Русија се на повисоко ниво од оние на повеќето други земји на ЕУ.

XS
SM
MD
LG