Достапни линкови

Азербејџан-убиен маж осомничен за тероризам


Илустрација-зградата на безбедносните служби во Азербејџан

Азербејџанските безбедносни служби соопштија дека во специјална операција во градот Исмајили, северозападно од главниот град Баку убиле маж осомничен дека планирал терористички напади. Во соопштението објавено денеска, се наведува дека службите го убиле азербејџанскиот државјанин Јашар Јавадов, кој како што пишува, планирал серија терористички напади во земјата.Според службите, Јавадов учествувал и во воени конфликти во странство. Безбедносните органи исто така пронашле и документи со кои, како што се наведува, се покажувало дека тој бил финансиран од странски терористички групи. Во соопштението не се даваат дополнителни детали.

XS
SM
MD
LG