Достапни линкови

Вучиќ и Тачи на средба со Могерини на 31 август


Белгија-Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини на средби со претставниците на Косово и на Србија, 01.02.2017

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини на 31 август во Брисел ќе оствари средба со српскиот и со косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, јавува МИА. На средбата ќе бидат разгледани можностите за подолжување на преговорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, по договорот од минатиот месец за почеток на подготовките за нова фаза од дијалогот. Вучиќ и Тачи првпат се сретнаа во својство на шефови на држави на 3 јули во Брисел, кога се договорија за нова фаза во дијалогот. Исто така тие се договорија за формирање работни групи кои ќе го подготват почетокот на оваа фаза. Дијалогот меѓу Косово и Србија, за технички прашања, почна во март 2011 година, по прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година. Првите договори постигнати меѓу двете земји се оние за интегрирано менаџирање на границите и за слободно движење.

XS
SM
MD
LG