Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека цената на струјата ќе поскапи, владата негира


Архивска фотографија-вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев

Лага се сите информации за покачувањето на цената на струјата, а тоа е само одвлекување на вниманието на јавноста од вистинските теми, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при посетата на рудникот „Бучим“ по повод Денот на рударите одговорајќи на новинарски прашања. Тој додаде дека вистина е, исто така, дека во јуни оваа година се барало зголемување на цената на струјата за 6 отсто, но наместо тоа, цената се намалила. Потеницра дека цената на струјата во иднина, воопшто не е тема.

Оваа реакција на Анѓушев следува откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера рече дека СДСМ фрлила, условно кажано, димна бомба со тоа што владата вовела евтината тарифа по два часа во ден, а всушност, како што додаде, ја исфорсирале либерализацијата која што ќе довела до 20 проценти покачување на цената на електричната енергија.

XS
SM
MD
LG