Достапни линкови

Русија-тројца загинати во пожар во пензионерски дом


Илустрација

Руските власти соопштија дека најмалку три лица загинале во пожар во пензионерски дом во сибирскиот град Краснојарск. Комитетот за истраги соопшти дека 34 луѓе биле евакуирани од зградата поради пожарот што се случи денеска. Последниве години стотици лица загинаа во пожари во Русија кои зафаќаа пензионерски домови и други државни капацитети како центри за одвикнување од дрога и сиропиталишта.Истрагите често утврдуваа недостиг на законска регулатива за безбедност. Бројот на загинати во пожари во Русија е значително повисок во споредба со западните земји. Според меѓународната организација за заштита и спасување од пожари во 2014 година во Русија имало 10 068 загинати во пожар, а истата година во САД загинале 3 275 лица.

XS
SM
MD
LG