Достапни линкови

Антиамерикански протести во Пакистан по критиките од Трамп


Протестите во Пакистан во Карачи.

Стотици луѓе протестираа низ северозападен Пакистан против наводите на САД дека земјата е засолниште на екстримистичките групи. Демонстрантите извикуваа слогани против САД. Вчера полицијата употреби солзавец и гумени куршуми на антиамериканските протести во пристанишниот град Карачи.

Американскиот претседател Доналд Трамп кога ја најави новата стратегија на САД за Авганистан го обвини Пакистан дека им нуди засолниште на како што порача, агентите на хаосот.

XS
SM
MD
LG