Достапни линкови

Брнабиќ: Србија нема да го признае Косово, но дијалогот ќе продолжи


Српската премиерка Ана Брнабиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ за албанската телевизија „Орањуз“, изјави дека Србија нема да ја признае, како што рече, еднострано прогласената независност на Косово. Според неа, треба да се работи на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и дијалогот наскоро ќе продолжи.

Таа посочи и дека треба да се продолжи со спроведувањето на Бриселскиот договор, при што Србија направила многу за негово исполнување и очекува истото да го направи и Приштина. Особено, како што наведе Брнабиќ, кога станува збор за делот од договорот што се однесува на животот на српските заедници.

XS
SM
MD
LG