Достапни линкови

Ирански духовен лидер осуден на смртна казна


Мохамед Али Тахери.

Иранскиот духовен лидер Мохамед Али Тахери по втор пат е осуден на смртна казна, две години по првичната пресуда која беше поништена по жалбата. Неговиот адвокат соопшти дека Тахери бил осуден за ширење на корупција поради финансирањето на групата наречена „Круг на мистицизмот“. Семејството на Тахери истакна дека тој бил малтретиран во затвор и бил принуден да даде видео признание. Тој беше уапсен во 2010 година и се наоѓа во затвор од 2011 година, кога судот го осуди за богохулење.

XS
SM
MD
LG