Достапни линкови

Мексико: со САД нема да преговораме преку социјaлните медиуми


американскиот претседател Доналд Трамп

Мексико му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да преговора преку социјалните медиуми откако Трамп ги обвини Мексико и Канада дека ги попречувале напорите за повторни преговори за трговскиот договор НАФТА. „Мексико нема да преговора за НАФТА, или за кој било друг аспект од билатерланите односи преку социјалните медиуми“, соопшти мексиканското министерство за надворешни работи. Исто така се наведува дека Мексико нема да плати за ѕидот што Трамп го предложи на заедничката граница.

XS
SM
MD
LG