Достапни линкови

Во Брисел трета рунда на преговорите за Брегзит


британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис и преговарачот на Европската унија Мишел Барние

Во Брисел денеска почнува третата рунда преговори за напуштањето на Британија од Европската унија. Делегациите ги предводат британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис и преговарачот на Европската унија Мишел Барние. Британија треба да излезе од Унијата до крајот на март 2019 година, две години откако британската премиерка Тереза Меј на 29 март годинава официјално ја покрена процедурата за истапување. Британија на референдумот одржан на 23 јуни 2016 година со 52 насто од гласовите на излезените избирачи реши да излезе од Унијата.

XS
SM
MD
LG