Достапни линкови

Рекордни врнежи во делови на Тексас


Последиците од ураганот Харви во Тексас

Три илјади припадници на Националната гарда помагаат во отстранувањето на последиците од катастрофалните поплави предизвикани од урганот Харви во Тексас, главно околу и во градот Хјустон. Гувернерот на Тексас Грег Ебот изјави дека 14 летала ќе бидат вклучени во спасувањето на луѓето заглавени во поплавените куќи. Најавено е дека некои делови на Тексас утре ќе ги посети претседателот Доналд Трамп. Главниот аеродром во Хјустон е затворен, а исто така се затворени и околу 250 патишта. Во некои делови на Хјустон забележни биле рекордни врнежи, односно 1.270 милиметри дожд. Американската национална метеоролшка служба оцени дека влијанието на ураганот Харви бил најлошо досега.

XS
SM
MD
LG