Достапни линкови

САД загрижени за нарушување на медиумските слободи во Азербејџан


Азербејџан - Уапрен новинарот Мехман Алиев.

Стејт департментот на САД соопшти дека се „длабоко загрижени“ за притворањето на директорот на независната новинска агенција „Туран“ и побара негово итно ослободување.

„Длабоко сме вознемрени за апсењето на 24 август и тимесечниот притвор на Мехман Алиев, истакнат главен уредник на единствениот независен медиум во Азербејџан“, наведува Стејт департментот.

Во соопштението се вели дека акциите на Владата „да ја ограничи слободата на печатот и слободата на изразување, се последни во негативниот тренд вклучително и одлуката на владата во мај годинава да го блокира пристапот до интернет страницата на Радио Слободна Европа и на други независни медиуми.

Азербејџанските власти на 25 август наредија Мехман да биде испратен во скоро тримесечен притвор за обвиненија за даночно затајување и злоупотреба на службена должност.

XS
SM
MD
LG